ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Дознајте ја иднината на вашата врска според месецот во кој ви започнала

ECA

Верувања, суеверија, измислици, наречете ги како ќе одлучите, но за да се пренесува толку долго низ времето, можеби си има доза на вистина.

Така на пример, низ нашите географски широчини има теорија дека месецот во кој започнала врската меѓу љубовниците има голема улога врз иднината на нивната љубов. Ако имате склучен брак, се зема во предвид месецот на свадбата, бидејќи овој настан има многу силни вибрации.

Погледнете што Ве очекува во иднина…

Јануари – не е поволен за почеток на врска (брак). Освен ако партнерите не се познаваат уште од деца. Тогаш ќе имаат многу стабилна врска.

Февруари – еден од најповолните месеци! Без разлика дали имате многу разлики, или пак сте премногу исти, обично врските, кои започнуваат во февруари, се многу стабилни, долготрајни и среќни.

Март – ветува неизбежна разделба, при тоа проследена со расправии покрај поделбата на имотот. Шанса имаат само партнери, кои се склони кон големи компромиси.

Април – возот на ужасот! Врската ќе биде многу емоционална, бурна, со остри подеми и падови.Можеби нема да биде спокојна и среќна, но ниту за секунда нема да биде досадна.

Мај – во овој месец за врските и браковите, кои започнуваат во него, ќе има многу грижи и грижи, од финансиска, а не од емотивна страна. Партнерите ќе работат напорно, но парите нема да стигнуваат.

Јуни – месецот на богатство и благосостојба. Ако врската почнала тогаш, тие ќе бидат секогаш заедно. Партнерите многу добро ќе си влијаат еден на друг, дури и кавгите ќе им бидат корисни за нивниот развој и усовршување во секој аспект.

Јули – исто така е многу поволен месец за врзување. Многу радости и сосема малку грижи. Дури врската да не трае долго и двајцата партнери ќе задржат многу убави спомени за неа.

Август – врските и браковите, кои започнале во овој месец, обично се трајни и стабилни, бидејќи одат совистинско пријателство. Месецот предвидува разбирање, доверба и хармонија во односите.

Септември – имате спокоен, стабилен и сигурен однос. При тоа и во финансиски, и во емоционален план Вие стоите најдобро. Вљубените треба само да внимаваат се егото и да не се стремат да се наметнуваат. И сето тоа ќе оди прекрасно.

Октомври – овој месец води кон тешки и напорни заеднички денови. Исполнети со флуктуации, разочарувања и недоразбирања. Ако сеуште немате брак, туку сакате да останете заедно, најдобро е бракот да го склучите во Јуни.

Ноември – многу успешен од финансиска страна. Луксуз и изобилство ги очекува партнерите. Тоа е одличен услов да си живеат мирно. Но треба да се чуваат од искушението емотивно да ослабат.

Декември – најсоодветен месец за врска и брак! Ќе има многу нежност, грижа, љубов, романтика, доверба и разбирање помеѓу љубовниците. Долга и радосна врска!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts