Uncategorized ВЕСТИ ЗДРАВЈЕ СВЕТ

Докторите и давале 3 месеци живот, но ракот целосно исчезнал експериментална терапија

ECA

Животот на Џуди Перкинс, жена која била заболена од рак на дојката, би спасен благодарение на нова, експериментална терапија. Докторите и вбризгале во телото дури 90 милијарди антитела, кои го убиле ракот.

Џуди била во терминална фаза, а докторите и давале три месеци живот. Но, две години подоцна нема никакви докази дека ракот бил во нејзиното тело.

Експертите од Националниот институт за истражување на рак велат дека терапијата сеуште е во експериментална фаза, но би можела да се прилагоди за лечење на секаков облик на рак.

Џуди, која живее со нејзиниот сопруг на Флорида, и бил дијагностициран рак во напреден облик кој не можел да се лечи со конвенционална терапија. Освен примарниот карцином, и пронашле и тумори со големина на тениски топчиња во црниот дроб и метастази по целото тело.

“Околу една недела после почетокот на терапијата, започнав нешто за чувствувам, како уморот во прстите да ми се намалуваше. Една или две недели после тоа туморот целосно исчезна”, рекла Џуди.

Терапијата функционира така што “ги запознава непријателите”. Генетски се анализира туморот на пациентот со цел да се детектираат ретките промени кои ракот ги прави видливи за имунолошкиот систем.

Иако системот самиот по себе веќе се бори со туморот, а битката ја губат и белите крвни зрнца, лимфоцитите се отстрануваат од примерок на крвта, а во лабораторија тие стануваат “станици убијци” кои се враќаат во организмот на болниот.

Најголем предизвик на лекарите кај лечењето на рак со имунотерапија е фактот дека кај некои пациенти функционира одлично, но кај поголем број тоа не носи никакви резултати – пишува “Индепендент”.

Џуди, откако го победила ракот, ужива во природата, а особено во возењето кајак.

Loading…
Loading...

Related posts