vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Долги задржувања на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ и сообраќај со зголемен интензитет надвор од градовите

ECA

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути, наведуваат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На ГП „Богородица“ од македонска страна се работи со полн капацитет и пуштени се сите шест ленти, но застојот е од грчка страна, велат од дежурната служба и додаваат дека причините за тоа засега се непознати.

Според последните податоци на АМСМ, на ГП „Дојран“ се чека од 15 до 30 минути, а на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.

АМСМ информира и за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.

Loading…
Loading...

Related posts