vesti24.mk
ЗАБАВА

Драги бруцошки, бидете и вие проститутки: Скандал на факултет, сите во неверување

ECA

Британски универзитет во Брајтон организираше за своите студенти саем на бруцоши, а еден од штандовите го дадоа и за организација на проститутки, јавува Мирор.

Имено, студентите на саемот кој траел од вторникот до четвртокот до минатата недела на штандот на организацијата „SWOP“ можеа да дознаат се што ги интересира за работата во секс индустријата, а на штандот делеле кондоми и лубриканти. Организацијата „Sex Workers Outreach Project“ се опишува како дискретен и поверлив сервис за жени кои одлучуваат да работат во проституцијата.

Меѓу гласните критичари е и феминистката и писателка Џули биндел, основачката на здружението за реформа на законодавството „Правда за жените“.

-Ова е повеќе од срамотно. Толку сум лута што продажбата на секс стана нешто што е нормално и дека жените се поттикнуваат на тоа, како да е тоа безопасен и чесен начин на заработување за живот, изјави таа.

Многу корисници на Твитер изразија загрозување.

-Што…? Зар вие стварно поттикнувате млади луѓе да ги продаваат своите тела како би го финансирале студирањето? Проституција? Дали тоа им го споменавте на родителите на отворените денови на универзитетот?, е само една од бесните реакции.

Од универзитетот порачаа дека луѓе се погрешно сфатиле.

-„SWOP“ беше на саемот со цел подигнување на свеста за поддршка која ја даваат во случај на некој да му затребала помош. Не дојдоа со цел да заговараат проституција како една од опциите за вработување. За жал, некои луѓе погрешно го сфатиле нивното доаѓање на саемот, изјавил претседателот на студенскиот парламент Том Ибукун за Њујорк Тајмс.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts