vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ ЗАБАВА

Еве кои автомобилски марки ги возат најлошите возачи

ECA

Британски сајт за споредби на осигурителни друштва спроведе истражување за тоа кои се најлошите возачи на нивните патишта. Во анкетата учествувале 2.000 луѓе од кои 24 отсто ги издвоиле како најлоши – возачите на BMW. Особено не ги сакаат во Севрна Ирска каде тој процент бил 35 отсто.

Втори на листата се возачи на Форд транзит – на секои 160 илјади километри тие учествуваат во 3,8 пати помалку несреќи кои резултираат со повреди од останатите автомобили. Дури 38 отсто возачи на комбиња впериле прст во сопственици на BMW како ужасни возачи, како и голем број велосипедисти и мотоциклисти.

Трети најлоши возачи се таксистите за кои мислат дека се полоши од возачи на Ауди, Ферари, Порше, Субару и Мерцедес како и Голф.

Листата на 13 видови возила за кои Британците мислат дека се најлоши возачи:

BMW 24 %
Ford Transit 21,8%
Taхi (Black cab) 14,1%
Audi 9%
Ferrari 6,3%
Porsche 5,7%
Subaru 4,2%
Mercedes 4,1%
VW Golf 2,9%
Opel/Vauxhall Astra 2,5%
Toyota Prius 2,1%
Ford Focus 1,9%
Lexus 1,5%

извор:курир.мк

Loading...

Related posts