vesti24.mk
ЗАБАВА

Еве колку време сармата може да стои во фрижидер, а колку во замрзнувач

ECA

Речиси и да не постои слава на која не се подготвува сарма, без разлика дали е посна или мрсна. Обично се прави поголема количина, па често се поставува прашањето колку сармата може да стои во обичен фрижидер, а колку во замрзнувач.

Според зборовите за нутриционистите, сармите во фрижидер можат да останат свежи до една недела, а во случај да не планирате да ги изедете за ова време, добро решение претставува замрзнувачот во кој може да останат свежи три до четири месеци.

-Сармата и воопштво сите јадења од кисела зелка кои се варат со суво месо, како што е подварокот, може долго да стојат ако се чуваат на вистински начин, бидејќи стануваат желе и тоа ги одржува. Во меѓувреме се подгрева само она што мислиле дека ќе се изеде, бидејќи зелката како и се останато со често подгревање ја губи нутритивната вредност. Сармата може да се замрзне и таму да стои до четири месеци. Пред замрзнување, сармата треба да се олади и да се раздели во порција. Кога ќе ја одмрзнувате тоа треба да биде постепено во фрижидер. За напомена, еднаш одмрзната храна не е добро повторно да се замрзнува, објаснуваат нутриционистите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts