vesti24.mk
ЗАБАВА

Едно правило кое ќе го смени вашиот љубовен живот

ECA

Кога станува збор за позитивните промени за подобрување на вашата врска (но и тоа како се чувствувате во однос на себеси), на сите нас ни се потребни чекори и мали правила кои ќе го подобрат тоа што ни е потребно.

Сепак, постои едно најголемо правило кое во голема мера може да придонесе за подобрување на вашиот љубовен живот, без оглед на тоа дали барате нов партнер или пак се обидувате да ја  одржите врската. Тоа правило ќе ви помогне да престанете да се вовлекувате во врски кои не се добри за вас или пак во токсични луѓе кои се слични еден на друг.

Тоа е:

Нема да прифатам помалку од тоа што го сакам во една врска.

Со ваквото правило, односно желба ви станува јасно што сакате од врската и партнерот и се посветувате на тоа што е потребно за да го постигнете тоа.

Тоа значи дека нема да се гледате со луѓе кои не се вредни за вашата љубов или кои нема да ве почитуваат и третираат како што заслужувате. Тоа значи дека нема да ги потиснувате  своите чувства или пак да молчите во име на некаков „компромис“ кој не ви одговара.

Тоа значи дека нема веќе да им се жалите на своите пријатели кога вашиот партнер ќе ве изнервира, туку за тоа ќе зборувате директно. Тоа значи дека нема да постои круг на конфликти и осаменост, туку разговор за тоа што ви одговара и го очекувате.

Зошто е ова правило толку моќно?

  • Ја подобрува вашата самодоверба бидејќи ви покажува дека вредите и дека тоа што треба да го барате и имате е добра врска со добра личност.
  • Имате јасна визија за љубовта и знаете дека сте вредни за тоа. Се гледате со подобри луѓе, зборувате за своите потреби, ги решавате проблемите.
  • Се сакате себеси и се почитувате доволно, а со тоа се насочувате и кон врската која сакате да ја имате.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts