Uncategorized ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ЕКСКЛУЗИВНО НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ДОАЃА ЦИКЛОН СИЛВИЈА! ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ, НЕВРЕМЕ И ГРАД!

ECA

Од утре (среда) па во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе подпадне под влијание на нов циклон, името на циклонот е СИЛВИЈА.

Истиот ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ на атмосферата па та а врнежите и грмежите ќе бидат се почести и локално ќе бидат значително ПОРОЈНИ проследени со засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Во текот на следните денови исто така локално се очекува да наврне ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ ( преку 30 – 40 л/м2).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата.

Исто така во текот на електричните презнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат.

Овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Во ваква ситуација планинарите да избегнуваат прошетка во планина.

Што се однесува до температурите на воздухот утре (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека од четврток истите ќе бележат тенденција на постепено но помало опаѓање.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Loading…
Loading...

Related posts