vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Електродистрибуција бара зголемување на цената на струјата од 100%

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски вечерва соопшти дека се уште не е утврдена новата цена на струјата, која ќе стапи на сила после Нова година.

-Определбата на цената на електричната енергија не е лицитација, ниту желботека, туку се врши врз основана правилници и методологии кои што ги имаат донесено РКЕ и се применуваат. Цената ќе ја определиме врз основа на податоци доставени од компаниите. Ќе ги разгледаме и ќе донесеме одлука, вели Бислимовски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Првиот човек на РКЕ исто така информира дека пристигнало првото барање од компаниите за зголемување на струјата.

-Електродистрибуција бара зголемување на цената на струјата од 100%, рече Бислимовски, во, како што ја најави, „ексклузивна информација“.

Тој додаде дека до крајот на неделата барања ќе достават МЕПСО и ЕВН Хоум.

извор:курир.мк

Related posts