vesti24.mk
ЗАБАВА

Емотивно: За да преживее, ова бебе мора да се тушира на секои два часа (ВИДЕО)

ECA

Додека Џени Виклоу била бремена, ништо не укажувало на фактот дека нејзиното бебе е поинакво, но она шо се случило со кожата на малата Ана само неколку минути откако се родила значително влијаело на најраниот период од нејзиното детство.

Се испоставило дека девојчето од Хајленд, во американската сојузна држава Њујорк, има ретко наследно пореметување наречено „арлекинов фетус“, потешка форма на ихтиоза што значи дека бебето се раѓа со многу тврда и дебела кожа на скоро целото тело.

Петнаесетмесечното девојче мора да се капе на секои два часа, а еднаш неделно мајката ја потопува во разредувач, за да кожата не се инфицира. Кога ќе заспие по капењето, мајката ја лупи здебелената кожа од главата и телото за да правилно зарасте кога ќе биде постара.

Мајката открива дека лекарите и рекле оти кожата на бебето се стврднала неколку минути по раѓањеот и дека започнала да пука затоа што била премногу дебела. Очите на Ана започнале да затекнуваат и се затвориле, а очните капаци се превртеле.

-Прстите и беа под стопалото, а кожата беше толку затекната на дланките што не можеше да струи крвта. И се закануваше опасност да остане без прсти на дланките и стапалата, вели Џени.

Поради тоа е оперирана, а потоа ја премачкале со вазелин. Првите месец дена од животот ги минала во просторија со контролирано ниво на влажност.

Кога не се капе, мајка и ја премакува со вазелини и лосиони за да спречи сушење на кожата. Секој ден Ана внесува околу 2.100 калории – колку и возрасна личност, за да нејзината кожа добие доволно енергија за забрзан процес на раст. Џени и останатите членови на семејството испробале разни методи и состојбата со кожата се поправила.

И покрај мачната секојдневна процедура, Ана е весело девојче, кое расте во друштво на двајца постари браќа.

-Сака да јаде и да се игра и баш е задоволно бебе. Не сакам да порасне и кожата да и биде главна преокупација во животот, вели нејзината мајка.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts