Uncategorized

Ердоган за ситуацијата во Македонија: Насилството не е решение

ECA

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги опиша како алармантни настаните во Македонија, додавајќи дека насилството не може да биде излез од никаков проблем, соопшти приватната турска телевизија НТВ.
Посакуваме на пријателската и братска Македонија што поскоро да постигне мир и стабилност, изјави Ердоган во денешниот говор во Истанбул.
Во одделна изјава на претседателството на Турција се изразува „длабока загриженост” поради насилството во македонскиот парламент и се поттикнува создавање нова влада со почитување на демократските принципи.
„Македонија има клучно значење за воспоставувањето траен мир на Балканот“, оцени турското претседателство, пренесува БТА.

Loading...