ЗАБАВА

Есента е сезона на циметот: 6 придобивки од овој вкусен зачин

ECA

Затворете ги очите и само за секунда помислете на циметот. Речиси и може да го почувствувате неговиот сладок, примамлив вкус… циметот не само што е вкусен зачин кој ги прави вашите десерти повкусни, туку е состојка која нуди неколку здравствени придобивки. Дали би сакале да знаете кои? Продолжете со читање….

Ве заштитува од рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево е еден од најчестите видови рак во модерното време и годишно  илјадници луѓе умираат како последица на оваа подмолна болест. Но неодамнешните студии покажуваат дека циметот може да помогне и да ја спречи појавата на оваа болест.

Научници од САД неодамна открија дека хемиската состојка позната како цинамалдехид, поради која и самиот цимет го има тој вкус и мирис, ја спречува појавата на рак на дебелото црево кај глувци. Понатамошните истражувања покажаа дека тоа исто така делува и кај луѓето, па затоа и денеска тој е многу популарен.

Изобилува со антиоксиданти

Антиоксидантите се од големо значење за заштита и спречување на појавата на многу смртоносни болести кои во денешно време ги вознемируваат луѓето. Тие нè заштитуваат од слободните радикали кои се наоѓаат во нашето тело и може да апсорбираат со конзумирање на храна како што се боровинките, гравот, артичоката, јаболката, сливите и други видови зеленчук.

И погодете што? Циметот е исто така полн со антиоксиданти! Всушност тој содржи толку многу антиоксиданти и се смета за една од топ 10 состојки по количината на антиоксиданти кои ја содржи. Дополнителни добри вести се тоа што може да го користите циметот во најразлични јадење – десерти, зеленчук, јадења со месо, овошје…..

Го контролира нивото на шеќер во крвта

Различни студии покажуваат дека циметот помага да се контролира нивото на шеќер во крвта за оние кои имаат проблем со инсулинот.  Токму затоа циметот е познат меѓу луѓето кои имаат дијагноза за 2 видови на дијабетес – им помага да ги совладаат проблемите со нестабилното ниво на шеќер во крвта.

Според некои истражувања, ефектите на циметот врз регулирањето на нивото во крвта се толку моќни што можат да се споредат со ефектите на лекарствата кои се примаат во првите стази на дијабетесот. Но бидејќи многу цимет може да му наштети на црниот дроб, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете да консумирате поголеми количини…..

Ја подобрува меморијата

Различни студии покажуваат дека циметот ја подобрува концентрацијата, како и меморијата. Поради тоа, многу е важно и корисно да го користат постари лица кои имаат проблеми со меморијата или пак имаат проблеми кои се поврзани со работата на мозокот.

Циметот не е корисен само за постарите лица. Тој исто така може да ги подобри интелектуалните способности на децата и возрасните кои работат или пак студираат. Добра идеа е да го вклучите циметот во вашиот појадок или пак во вашите ужинки – пробајте да додадете цимет во житарите, јаболката или пак на тост.

Ги намалува симптомите на ПМС

Позитивниот ефект на циметот врз симптомите на ПМС се должат на неговото високо количество на манган (приближно 1 – 1.5мг во една голема лажица цимет). Манганот може да ги намали болката од менструацијата или честите промени на расположението.

Циметот исто така го подобрува расположението и како таков е многу корисен додаток за вашата есенска исхрана. Кога времето е ладно сите понекогаш се чувствуваме тажно нели?

Ги штити забите и непцата

Ако некогаш сте обрнале внимание на некоја паста за зави, мастика за џвакање или пак средство за плакнење на устата, можеби сте забележале дека содржат цимети или пак масла од цимет. Зошто е тоа така? Бидејќи циметот има анти-бактериски карактеристики кои помагаат да се уништат штетните бактерии кои се собираат во вашата уста.

Поради тие карактеристики тој е познат по тоа што помага да се спречи (или намали) појавата на забен камен и други болести на непцата. Некои луѓе и покрај тоа што користат хигиенски производи кои содржат цимет, туку и ги користат стапчињата од цимет за да ги тријат нивните непца, заби и јазик.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts