Uncategorized

ЕУ го укинува роамингот

ECA

Од 15 јуни корисниците на мобилна телефонија од државите членки на Европската унија кои патуваат во други држави членки, ќе може да користат роаминг без дополнителни трошоци, одлучи Европскиот совет.

– Европјаните ќе може да останат во контакт со сите и да користат интернет како да се дома. ЕУ ни го прави животот полесен на практичен начин, изјави Емануел Малиа министер од Малта.

Зоната без роаминг важи за граѓаните на ЕУ и оние кои патуваат во други држави на ЕУ поради бизнис или туристички. Норвешка, Исланд и Лихтенштајн се приклучуваат на таа одлука нешто по 15 јуни.

Loading...