vesti24.mk
ЗАБАВА

Животот е краток, бидете добри кон себеси

ECA

Не можеме да бидеме среќни ако не се прифатиме себеси онакви какви што сме и ако не чувствуваме љубов кон најважната личност во нашиот живот, а тоа сме ние самите.

Многу генерации пораснаа верувајќи дека љубовта кон себеси значи себичност и дека како таква е непотребна. Многумина ќе кажат често дека оние кои се сакаат себеси се себични, егоистични, нарцисоидни и чудни.

Луѓето често ги учат своите деца да бидат љубезни и добри кон другите, но не им велат да бидат добри кон себеси. Не ги учат дека прво треба да се сакаме себеси, а потоа да очекуваме да бидеме сакани од другите луѓе.

Секогаш себеси треба да си се ставаме на прво место.

Животот е прекраток за да не го направиме тоа. Ќе дојде ден кога ќе се каеме што не сме се сакале себеси доволно и што за сите сме го направиле тоа, но сме заборавиле на себеси.

Престанете да се критикувате себеси.

Нема потреба да се самообвинувате за сите нешта кои сте ги направиле или не сте ги направиле. Не си ја упатувајте себеси секогаш најлошата критика. Не бидете попустливи кон другите луѓе, а безобзирни кон себеси.

Бидете добри кон себеси.

Ако не сте добри кон себеси, како другите да бидат добри кон вас? Не очекувајте дека животот ќе се смени преку ноќ или дека светот ви должи нешто. Борете се за тоа што сакате, и секогаш сакајте го најдоброто за себе.

Прифатете ги лошите околности.

Животот понекогаш носи лоши околности, но тие се минливи. Прифатете ги како такви и не очајувајте и не се жалете ако не можете да ги смените. Фокусирајте се само на оние работи кои можете да ги промените.

Давајте си поддршка.

Кажете си убав збор кога ќе направите нешто добро, насмевнете се кога ќе добиете пофалба. Давајте си мали награди кои ги заслужувате и полека заборавајте на сомнежот кој го имате за себе.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts