Uncategorized

Жизел Бундшен: Враќање на огнената бразилка

ECA

Речиси две децении бразилската убавица Жизел Бундшен (36) жари и пали на модната сцена. И ретко која манекенка се’ уште може да и’ се приближи. Кога пред неколку години се повлече од работата за да му се посвети на семејниот живот, многу модели здивнаа. Но огнената Жизел се врати и сите ги остави без здив.

Таа неодамна снимила едиторијал за бразилскиот бренд „Ареѕо“ и докажала дека помладите колешки имаат уште многу да научат од неа. Во оваа пригода Жизел позирала во сосема проѕирен црн комбинезон со долги ракави, под кој се наѕира долната облека. На себе имала и кратки чизмички со детали од змиска кожа.

Така со еден деловен проект, Жизел уште еднаш покажала кој е главен во работата.

Loading...