vesti24.mk
ВЕСТИ

Заев: До петок ќе ги доставам предлозите за реконструкција на Владата во Собрание

ECA

Планирам до петок да ги доставам предлозите за реконструкција на Владата зошто Парламентот на почетокот на идната недела планира седница.

Ако тоа се случи во понеделник или вторник следната недела веднаш по изгласувањето на реконструкцијата продолжуваме со промената на директорските места и да ги завршиме кадровските промени, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts