vesti24.mk
ВЕСТИ

Заев: Со Боки 13 не сум разговарал за „Рекет“, секој што се огрешил пред законот треба да одговара

ECA

Секој што се огрешил од законот треба да одговара. Ова вечерва го изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ.

-Веруваме во презумпцијата на невиност и веруваме во исправноста на независност со силата на аргументите да се докажуваат постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот. Верувам дека тоа се исправни чекори. Вакви случаи се мачнина и тешкотија за сите во општеството, се предизвик истовремено, постојат во многу земји и кај нас. Прашањето е како како извршната власт, но пред се правосудната власт се справува со тоа. Верувам дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат како победници и секој што се огрешил од законот треба да одговара, рече Заев.

Повика без разлика на кој и да се однесува можноста за учество во криминал и корупција, тоа да биде до крај истражено.

Заев, во врска за решение за наследник на Катица Јанева, повика дека за тоа брзо треба да се реагира согласно законите за вршител на должност специјален јавен обвинител, и апелира и до ВМРО-ДПМНЕ и до СДСМ да ги приближат ставовите за законот за Јавно обвинителство.

-Тоа е уште една причина повеќе особено за политичарите час поскоро да го донесеме законот за Јавно обвинителство. Ги охрабрувам сите и во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ, брзо да продолжат со работа, бидејќи деновите се броени, а законот веќе е доставен во Собранието во вторник, а мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Имаме капацитет како држава овој закон да го донесеме, дополнителна причина е што СЈО е обезглавено, и е причина повеќе институциите на системот да продолжат да работат, истакна Заев.

На новинарско прашање Заев негираше дека разговарал со Боки 13 за Орце Камчев или Катица Јанева. На прашањето да даде коментар за тоа дека во една од снимките за „Рекет“ Боки 13 вели дека ќе менаџира со него, Заев одговори дека немало такво нешто.

– Нема менаџирање. Никогаш не сум разговарал на таа тема со Бојан Јовановски. Не постоеле разговори со Јовановски на таа тема, рече Заев.

На новинарско прашање дека италијански новинар најавил нови „бомби“ и оти Заев во нив наводно е лично инволвиран за набавки во здравството, премиерот одговори дека доколку постојат докази за незаконско инволвирање веднаш да се објават. (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts