vesti24.mk
ВЕСТИ

Заев утре ќе им „удри“ метла на пет министри од владата

ECA

Централниот одбор на СДСМ на седница која ќе се одржи утре, ќе расправа, но и да се донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, објави  ТВ 21.

Откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев деновиве објави дека се разрешени сите 78 претседатели на општинските организации, многу е веројатно дека на утрешната седница на Централниот одбор  метлата  ќе ја опфати повисоката партиска структура.

Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Неофицијални се говори дека покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат пет до шест министри. Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts