vesti24.mk
ЗАБАВА

Започнала да го прогонува милионерот: Му пратила 100.000 пораки, му провалила дома и легнала гола во када, а потоа следувало шок (ФОТО)

ECA

33-годишната Жаклина Адес од Аризона била уапсена откако го прогонувала богатиот бизнисмен со кој излегла на еден состанок.

Иако милионерот веднаш и дал до знаење дека нема да има ништо од романтична врска, таа продолжила да го бомбардира со СМС пораки.

Парот се запознал преку апликација за запознавање на партнери. По првиот состанок, девојката се загреала, но мажот не сакал да го продолжи дружењето.

Во текот на наредните неколку месеци, наводи дека примил повеќе од 100.000 пораки, а понекогаш и повеќе од 500 дневно.

Бизнисменот тврди дека одговорил само на првите пораки. Му пратила неколку пораки и признала дека се заљубила. После тоа почнале заканите.

“Ќе ти ги претворам бубрезите во суши”, му напишала Адес. Мажот целиот случај го пријавил во полиција и го блокирал нејзиниот број. Таа почнала да му праќа побизарни пораки од други броеви.

“Ќе умреш”, “Ќе те пријавам”, “Ми требаат пари”, “Ти ќе ми дадеш”, се само некои од пораките.

Адес потоа провалила во неговата куќа, се соблекла гола и легнала во када. Кога дошла полицијата, ја пронашле Адес во када со чаша вино и храна. Со себе ги донела и своите две кучиња, а во автомобилот имала нож.

Таа била уапсена, но ги демантира сите обвиненија.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts