Uncategorized АВТОМОБИЛИ ВЕСТИ

Започна производството на луксузното купе на БМВ

ECA

Баварски БМВ започна со сериоското производство на новата „Серија 8“ во фабриката Динголфинг во Германија.

БМВ „Серија 8“ купето ја имаше светската премиера кон средината на минатиот месец, а за помалку од еден месец започна производството на најновиот адут на Баварците на пазарот. Во погонот Динголфинг во Германија се инвестирани над 100 милиони евра со цел да биде оспособена оваа фабрика за производство на најновиот модел.

Новата „Серија 8“ им се придружи на моделите од „Серија 5“ и „Серија 7“ кои што исто така се склопуваат во оваа фабрика. Инаку, во рамките на „Серија 8“ засега ќе се произведува само купе верзијата, а во план се и кабриолет и „Гран Купе“ со четири врати. Сите три каросериски верзии ќе ја добијат „екстремната“ варијанта „М“.

Моментано во фабриката на БМВ се произведува M850i xDrive кој под хаубата има 4,4-литарски V8 мотор со осумстепенски автоматски менувач. Агрегатот испорачува 530 коњски сили (390 kW) и 750 Nm максимален обртен момент. Од 0 до 100 километри на час забрзува за само 3,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Секако, БМВ се нема откажано од верзиите со дизел мотори, па купувачите ќе го имаат на располагање и 840d xDrive со шестцилиндарскиот 3.0-литарски би-турбо мотор кој што развива 320 коњски сили и 680 Nm максимален обртен момент.

Loading…
Loading...

Related posts