vesti24.mk
ВЕСТИ

Затуровска: На Заев сите му се криви за неговата неспособност

ECA

Зошто Чулев им е крив?

Затоа што им ги открива криминалите на функционерите од владеачката партија!

Чулев им пречи бидејќи јавно обелоденува дека мерките кои оваа Власт ги предлага за справување со КОВИД-19 се носени исклучиво за партиските интереси на СДС.

И затоа Чулев е главниот виновник додека Оливер и Филипче се СВЕТЦИТЕ во оваа приказна!

Зоран Заев се дрзнува, замислете, да говори за ОДГОВОРНОСТ, а ниту тој самиот воопшто ја немаше кога едно време беше, за жал, Премиер!

Човеков е до тој степен контрадикторен што своите атрибути и карактеристики ги препишува на некој друг за кого воопшто не се својствени!

Смешен е неговиот цитат: “Колку им е полошо на граѓаните, толку подобро за нивната партија.” – (под партија мисли на ВМРО-ДПМНЕ).

Човеков очигледно има проблем и не може да направи разлика помеѓу она што ВМРО-ДПМНЕ во континуитет му сугерира да НЕ го прави, а тоа е да ги става во преден план неговите огромни апетити наспроти здравјето на граѓаните.

Избори, кои тој упорно бара да се одржат час поскоро, во една ваква алармантна состојба не соодветствуваат со она што Заев го кажува!

И самите можете да ја согледате дезиорентираноста на Заев: она што тој го практикува го препишува на оној кој му вели да НЕ го прави тоа!

Јасна е неговата паника и желбата по секоја цена за брзи избори со 52 новозаразени и 4 починати лица за едно деноноќие, ако анализите му кажуваат дека дневно губи по еден пратеник поради неговата НЕСПОСОБНОСТ, АЛЧНОСТ и СЕБИЧНОСТ!!

Фејсбук статус на Лулјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts