vesti24.mk
ВЕСТИ

Звонимир Јанкуловски: Барањето за правда се претвори во гола одмазда

ECA

Универзитетскиот Професор Звонимир Јанкуловски во емисијата „Што не е Јасно“ на Алфа телевизија, кажа дека ако се погледне како функционираше шарената револуција врз основа на барањето на правда , повеќе се работеше за луѓе кои фрустрирани , алчни, желни за освети и токму во тоа и се претвори, барањето за правда се претвори во гола одмазда она што би се рекло во правото талион , око за око, заб за заб.

-Како да веруваме во правда кога целата политичка кампања во изминативе години се водеше за испорачување на правда во државата. Шарената револуција се сведе на повик за линч на определена политичка структура врз основа на фрустрации. Тие се восхитуваа од специјалната јавна обвинителка, односно трите грации, Чарлевите ангели што требаше да ја испорачаат правдата. Во поглед на обвинителките , приватниот живот, сето тоа беше така обландирано да се восхитуваа на запалена цигара на црвен кармин на Аца Лукас и одеднаш сфаќате дека тие за четири години во основа не испорачаа ништо. Ниту правда испорачаа ниту право, рече Јанкуловски.

Тој додава дека кога ќе инсталирате институција што не постои во Уставот не знам што може да очекувате, еден чир во системот , во правниот систем, класичен чир. Законот за Специјалното Јавно Обвинителство ги ограничуваше во одреден период да си ја завршат работата помина тој период тие продолжија.

-Не знам зошто правната фела го премолчи тоа тој дел ме загрижува, и навредливо е, нагласи Јанкуловски.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts