Uncategorized

Зекири и Касапи си одат од СДСМ! Раскол во партијата или промена на одлуката да се гласа за Косово во Унеско

ECA

Се повеќе врие во СДСМ по последните неколку интервјуа на Зоран Заев за српски и бугарски медиуми. Имено Заев добил сериозни закани од Мухамед Зекири и Ѓулумсер Касапи дека доколку биде премиер на државата и не гласа – ЗА, оваа есен за приемот на Косово во УНЕСКО тие ќе го напуштаат СДСМ и со нив и над 50% од албанското ткиво на СДСМ, кое на овие избори им донесе 7-8 пратенци, пишува порталот Журнал.нет.

Заев им се жалел на дел од своите соработници дека Мухамед Зекири и Ѓулумсер Касапи го седнале Заев и јасно му кажале доколку не гласаш за прием на Косово во УНЕСКО оваа есен ги немаш Албанците повеќе. По што истиот бил сериозно загрижен бидејќи како што велел рејтингот кај Македонците забрзано му паѓа, па доколку ги изгуби и Албанците ќе се доведе во ситуација на идните парламентарни избори да неможе да освои ни 300.000 гласови, што во пратеници ќе знаачи не повеќе од 32-33 пратеници.

Заев го молел и уверувал Зекири дека некако ќе изменаџира и ќе ги исполнел нивнте барања и го молел да  неправи ништо „непромислено“ пред локалните избори, бидејќи може сериозно да ги загрози позициите на СДСМ во Кумново и во одредени општини во Скопје и западниот дел на државата.

Имено покрај Aлбанците во СДСМ како Зекири и Касапи, на Заев му се гневни и постарите ченови на партијата, кои влечат корени од комунизмот, а изразиле голем револт за изјавите на Заев дека Македонците се Бугари.

Во СДСМ врие и неизвесно е како понатаму ќе продолжи партијата со задоволување на внатрешните интереси н различните интересни групи. Но, за Заев најзагрижувачко било како ќе се справи со албанското крило на кое многу му ветил.

 

Loading...