vesti24.mk
ЗАБАВА

Зема големи пари на „Милионер“, а одговорот го знаеше зашто на тоа место ја изгубил ногата (ВИДЕО)

ECA

Натпреварувачот Герет Кендал ги воодушеви сите кога во квизот „Кој сака да биде милионер“ освои 125 илјади фунти, одговарајќи точно на прашањето кај се наоѓа замокот Уркухарт затоа што таму ја изгубил ногата.

Кендал од Халифакс учествуваше во квизот кој се емитува во Велика Британија. Покрај тоа спомена дека за малку не загинал во страшна сообраќајна незгода, кога останал без нова.

Стигнал до 12 прашање за 125 илјади фунти (нешто повеќе од 140.000 евра), а прашањето кое водителот му го постави ќе го паметат засекогаш сите.

-Покрај кое езеро се наоѓаат рушевините од дворецот Уркухарт?, е прашањето кое му го постави водителот Џереми Кларксон.


Герет не се двоумеше ниту секунда.

-Го знам овој одговор, таму ја изгубив ногата, кажа натпреварувачот, а публиката реагираше гласно.

Тој додаде дека сообраќајната несреќа се случила во близина на рушевините на дворецот Уркухарт, покрај езерото Лох Нес.

Одговори точно на прашањето и отиде дома со 125 илјади фунти. Герет  Кендал ги воодушеви сите и сега е најуспешен натпреварувач од оваа сезона.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts