vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Зошто мажите не ве сфаќаат сериозно?

ECA

Дали се чувствувате дека сте изморени од одење на состаноци и трагање по „вистинскиот“ маж за вас?

Животот на современите сингл жени понекогаш се чини како непрекинато вртење во круг во кое среќавате само незаинтересирани момци, оние кои ви даваат лажна надеж или врски за една вечер што не ви значат ништо, вели Метју Хаси, советник за врски.

Тој додава дека не сте единствената жена која се чувствува така. Во денешно време, достапноста на луѓето се чини поголема. Апликациите за запознавање даваат чувство дека имаме бескрајно многу множности и опции за бирање. И мажите и жените се чини имаат некои нереални очекувања за „совршенство“.

Ако понекогаш се чувствувате дека за да задржите нечие внимание почнувате да ги жртвувате своите стандарди и да го смените своето однесување, тоа значи дека самите дозволувате да добивате второрангиран третман од таа личност.

Таквото однесување мора да престане. Ако навистина сакате да оформите длабока, посветена, вистинска врска со некого, треба да престанете да си ги поткопувате сопствените квалитети.

Хаси во ова видео образложува што е тоа што го правите за да не ве сфаќаат мажите сериозно (или едноставно не се за вас, ама вие тоа не го гледате).

извор:курир.мк

Loading...

Related posts