vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Зошто не треба да ја употребите аплицкацијата FaceApp – еве што ќе направи со вашите податоци

ECA

Виртуелниот тренд кој овие денови кружи по социјалните мрежи е апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледале на возрасни години.

Она што не го знаат корисниците е следното:

Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простор без вие да имате право да се противите или забранувате.

И тоа не е се. Со инсталирање и користење на апликацијата вие се согласувате вашите фотографии да останата во сопственост на апликацијата, за што нема да ви платат никаква компензацијата. Апликацијата има право да ги зачува вашите фотографии иако вие ќе ја избришете апликацијата во некој момент.

Она за кое експертите стравуваат е дека оваа апликација ја скенира вашата слика и ја поврзува со Фејсбук профил при што собира дополнителни информации за вас како онлајн корисник.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts