vesti24.mk
Uncategorized

Ибрахимовиќ е успешно опериран- ќе му се врати на фудбалот

ECA
35-годишниот Ибрахимовиќ заработи оштетување на вкрстените лигаменти на мечот со Андерлехт, повреда поради која го пропушта преостанатиот дел од сезоната, а се стравуваше дека можеби тоа е и крај на неговата кариера.

Неговиот агент, Мино Раиола потврди дека Ибра е успешно опериран и кога ќе се рехабилитира ќе продолжи да игра фудбал.

„Златан Ибрахимовиќ имаше успешна операција на коленото. Тој ќе се врати комплетно, повредата не значи крај на неговата кариера“ – вели Раиола и додава дека Златан е на рехабилитација под надзор на лекарите кои го оперирале.

„Тој и медицинскиот тим не се достапни за интервјуа во моментов. Дополнителни информации ќе следуваат“.

press

Loading...