vesti24.mk
Uncategorized БАЛКАН ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Иванов кон новинарите: Не шпекулирајте дека јас сум причина за дестабилизација

ECA

Претседателот Ѓорге Иванов негира дека ги избркал премиерот Заев и министерот Димитров од неговиот кабинет. На прес конференција по средбата со бугарскиот претседател Радев, Иванов го повтори ставот дека нема намера да го потпише договорот со Грција, со образложение дека не бил навремено информиран и вклучен во преговрите за спорот со името.

„Никого не сум избркал од мојот кабинет, имавме средба. За првпат ми беше документ, во кој не сум вклучен. Кога го добив тој документ, нема што да зборувам на таа средба. Затоа и средбата толку кратко траеше. Зошто треба јас да го легализирам тој документ? Како што го направиле, без мое учество, така нека го завршат, без мое учество. Тоа е важен документ, зашто согласно Уставот на Република Македонија, претседателот е надлежен за склучувањето на меѓународни договори, а претседателот беше исклучен од целиот процес. Зошто сега треба да легализирам туѓа дејност? Тоа е нивна одлука и нивна е одговорноста“, изјави Иванов.

Според него договорот е спротивен на Уставот и на националниот концезус на државниот врв – против уставни измени и севкупна употреба. Тој додаде дека не прифаќа квалификации дека тој ја води земјата кон дестабилизација и им порача на медиумите да не потпаѓаат под влијанија.

Според агендата, претседателот Иванов требаше да се сретне и со премиерот Бојко Борисов, како и со министерката за надворешни на Бугарија, Екатерина Захариева, но тие ги откажаа средбите, со образложение дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

Loading…
Loading...

Related posts