Uncategorized

ИВАНОВ НЕ ПОПУШТА: Нема мандат за Заев додека не се откаже од тиранската платформа

ECA
Таканаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање и дејствување на влада.

Писмото од Собранието на Република Македонија е пристигнато во кабинетот на претседателот на Република Македонија, вчера на 9.5.2017 година. Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека заедно со коалициските партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија, велат од кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за МИА.

– Претседателот Иванов останува на ставот дека таканаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање и дејствување на влада во Република Македонија. Македонскиот претседател, во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика – велат од кабинетот на македонскиот претседател.

Извор:телеграф.мк

Loading...