vesti24.mk
ЗАБАВА

Избегната трагедија: Мајката со неверојатна брзина ги спасила своите деца, потоа следуваше ужас (ВИДЕО)

ECA

Ужасниот момент кога млада мајка ги извлекла своите две деца од автомобил само неколку секунди пред да експлодира, бил снимен со камера.

Кетрин Мајес од Канбера е среќна што ги спасила децата откако нејзиниот автомобил се наполнил со чад, пред да експлодира и да се запали.

Таа имала проблем со својот акумулатор, па одлучила да купи резервен кој ќе го чува во возилото и ќе го приклучи кога ќе биде потребно.

Додека, минатиот петок, ги возела своите деца, од четири години и од пет месеци, резервниот акумулатор сам од себе почнал да исфрла чад.

„Брзо го изнесов Томи надвор, и додека го правев тоа, акумулаторот експлодираше. Кабината се наполни со огромна количина на чад, а автомобилот почна да го зафаќа оган”, напишала таа во пост на Фејсбук.

Кетрин потоа се вратила по своето друго дете, кое останало во автомобилот полн со чад. Само неколку секунди откако го извлекла, автомобилот бил зафатен од пламен.

“Ова е силно предупредување дека животот е краток и дека крајот може да дојде за неколку минути, како и тоа дека животите се многу поважни од имотот”, напишала таа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts