vesti24.mk
ЗАБАВА

Извадоци од најубавите љубовни писма на 20-тиот век

ECA

Љубовта е едно од најмоќните чувства коишто можеме да ги почувствуваме. Нема поголема радост од тоа човек да сака и да биде сакан. Порано луѓето често пишувале љубовни писма, а денес ви презентираме извадоци од некои од најубавите љубовни писма во 20-тиот век.

„Не барам секогаш да ме сакаш на овој начин, но те замолувам да запомниш една работа. Некаде во мене секогаш ќе постои личноста којашто сум вечерва.“ – Ф.Скот Фицџералд

„Те сакам повеќе од кого било на овој свет… те сакам поради милион работи, часовници, вампири и нечисти ноќти, нашкрабани слики, прекрасна коса, вртењето во глава и соништата кои паѓаат.“ – Дилан Томас

„Едноставно ми недостигаш, на сосема едноставен очаен човечки начин. Ми недостигш уште повеќе отколку можев да замислам, а бев подготвена многу да ми недостигаш. Па така, ова писмо во суштина е само крик на болка.“ – Вита Саквил-Вест

„Не сакам да живеам – сакам прво да љубам, а случајно да живеам.“ – Зелда Фицџералд

„Второ, постојат неколку видови љубов. Едната е себична, злобна, лакома, егоистична работа која ја употребува љубовта за сопствената важност. Тоа е грдиот и осакатен вид. Другиот вид придонесува да се излее се што е добро во тебе, почнувајќи од љубезност до внимателност и почит. Тука не станува збор само за онаа општествена почит која вклучува имање манири, туку почит од повисок вид кој вклучува признавање на друга личност како уникатна и вредна. Првиот вид љубов може те направи болен, мал и слаб, но вториот вид може во тебе да ослободи сила, храброст, добрина и дури и мудрост за која не си ни знаел дека ја имаш.“ – Џон Штајнбек

„Твојот збор патува низ целиот простор и допира до моите клетки кои се моите ѕвезди и тогаш доаѓа до твоите кои се мојата светлина.“ – Фрида Кало

„Не можам да го извадам од глава тоа прекрасно попладне, силуетата на местото каде што лежев на тревата се мешаше со рајското синило, малечки облаци брзо се движеа додека ветерот ги туркаше на бескрајно патување. Тогаш најблиску до мене беше најпрекрасното нешто, твојата мека коса на мојот образ, твоите бакнежи кои беа толку ладни и вонземни и мојата среќа беше толку голема.“ – Џулија Ли-Букер

„Мојата љубов за тебе вечерва е толк длабока и нежна што изгледа како да е надвор од мене.“ – Кетрин Менсфилд

„Ништо не се случи како што замисливме, освен нашите деца. Никогаш не помисливме дека ќе лутаме низ светот. Никогаш не помисливме дека нашите професии и интереси ќе покриваат толкав обем. Никогаш не помисливме дека нашата 33 годишнина ќе ја дочекаме длабоко во нашата втора војна и јас на фронтот. Е па, драга, ние доживеавме да стигнеме до најважниот дел од церемонијата, „во болест и здравје, во богаство и сиромаштија, се додека смртта не не’ раздели.“ – Теодор Рузвелт Џр.

„Еднаш ти кажав дека нашиот брак е како адолесцентскиот сон за тоа како бракот треба да изгледа. Тоа воопшто не се промени.“ – Роналд Реган

„Имам милион слики од тебе во еден час. Сите се различни и се враќаат на истото. Мислам на тебе наспроти небото и на тоа ридче на тоа неделно утро. Светлината, сенката, тишината, дождот и шумата. И ти. Твоите раце и усни и коса и рамена и глас – ти.“ – Руперт Брук

„ Одговарам на едно од твоите писма, а потоа лежам во кревет наводно мирен, но моето срце бие низ целото тело и е свесно само за тебе. Јас ти припаѓам само на тебе, не постои друг начи како да го изразам тоа и тоа не е доволно силно.“ – Франц Кафка

„Среќата е внатре во тебе… затоа отклучи ги оковите од твоето срце и дозволи си да растеш, како слаткото цвеќе кое си. Го знам одговорот – само рашири ги крилјата и ослободи се.“ – Џими Хендрикс.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts