vesti24.mk
ВЕСТИ

Измамен гостиварец: „Kупил“ стан за осум илјади евра во Струга!

ECA

35 годишен гостиварчанец пријавил во полиција дека бил измамен од сограќанин. Според пријавата, негов познаник го повикал кај него затоа што кај него било лице кое продавало стан во склоп на хотел во Струга и ако бил заинтересиран да дојде да се договорат. Исто така, според пријавата, тој отишол и се сретнал со лицето што нудело стан, при што се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра, а парите ги барал веднаш затоа што правел свадба.

Како што е пријавено, пријавителот се согласил и наредниот ден заедно со негов пријател во Гостивар се сретнале со „продавачот“. Му дал половина од сумата и ги зел клучевите од станот, а неколку дена подоцна повторно се сретнале во угостителски објект и му ја дал втората половина.

Според пријавата, по неколку дена, тој. отишол во хотелот во Струга каде што го известиле дека лицето кое наводно му продало стан, не поседува стан во објектот и му дозволиле да провери. Оштетениот се сретнал повторно со лицето кое му ветило стран во Струга и по извршен разговор со него дознал дека бил измамен. До денот на пријавување не добил сопственост на станот и не му биле вратени парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts