vesti24.mk
ЗАБАВА

Имате постојана потреба за слатки? Тоа може да биде симптом на овие 5 здравствени проблеми

ECA

За телото нормално да функционира, неопходно му е шеќер. Повремената желба за слатка храна е сосема нормална, но во некои случаи таа може да укажува на нарушување во организмот.

Експертите велат дека понекогаш, желбата за слатки која со денови не „стивнува“ може да укажува на одредени болести. Доколку имате поголема потреба за нездрава храна, обрнете внимание – можеби во тој случај е најдобро да се обратите кај вашиот матичен лекар.

Еве на што сè може да укажува зголемената желба за слатка храна:

Остеохондроза

Кога артериите кои ја пренесуваат крвта во мозокот ќе ги „помешаат сигналите“, мозокот не прима глукоза и поради тоа се создава зголемена потреба за јаглехидрати.

Гастроинтестинални проблеми

Зголемената киселост, констипацијата, дисбиозата и други проблеми со варењето ја попречуваат апсорбцијата на минерали и аминокиселини, па затоа се јавува желбата да изедете нешто слатко.

Болести на црниот дроб

Лицата кои страдаат од Боткинова болест (вирусно оштетување на црниот дроб) секогаш имаат зголемена желба за слатки. Кога слезината страда од воспаленија, нејзе ѝ се „потребни“ јаглехидрати.

Дијабетес тип 1

Заболените од дијабетес секогаш имаат потреба од слатки бидејќи телото не произведува доволна количина на инсулин која е потребна за апсорбција на глукоза.

Алкохолизам

За да обработи и мала доза на алкохол, на телото му е потребна глукоза која ќе сакате да ја внесете преку слатката храна.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts