Uncategorized

Има ли шанси да се врати евтината струја?

ECA

Граѓаните притискаат, ја бараат што побргу назад евтината тарифа на струјата, која беше укината пред пет години. Владата во најава, пак, ветува дека тоа ќе биде една од нејзините први три главни задачи.

Експертите уверуваат дека постојат економски параметри кои би ја оправдале таа одлука, велат тоа го дозволува пазарот на електрична енергија.

Анализите, уверува Андреевски, покажале дека враќањето на евтината тарифа не би создало загуби кај енергетските компании, бидејќи со оптимизирање на нивната работа, тие ќе произведуваат повеќе струја. Образложенијата што беа давани кога се укинуваше евтината струја, воопшто не се покажале како издржани.

Министерот за економија во техничката Влада, Дритон Кучи, денес сметаше дека има поважни работи отколку да се размислува за евтината тарифа на струјата.

Експертите не очекуваат дека оваа мерка би предизвикала негативна реакција од Европската енергетска заедница. Тенденција во светот е се повеќе да се произведува струја од фотонапонски панели, а таа е најдостапна токму во периодот кога би се вовела дневната ефвтина тарифа.

Популарно наречената евтина струја беше укината во јули 2012 година, претходно, покрај неделите, секој ден од 13 до 16 часот граѓаните можеа да трошат електрична енергија по пониска цена.
Нина Нинеска-Фиданоска

telma.mk

Loading...