vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Инфективна клиника: Уште седум нови случаи со морбили

ECA

Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од таа јавна здравствена установа.

Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.

Четворица од заболените се амбулантски прегледани и се пуштени на домашно лекување

На Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.

Loading...

Related posts