vesti24.mk
Uncategorized

Искршен автомобилот на Кутињо поради флертот со Барселона!

ECA
Веста дека Филипо Кутињо би можело да го напушти Ливерпул и да ја засили Барселона не им се допаднала на навивачите на „црвените“.

Нивниот бес го истуриле на 60.000 илјади фунти вредното „порше“ кое го вози Бразилецот.

Каталонскиот „Спорт“ ја објави информацијата дека Кутињо налето би можело да направи трансфер на „Камп ноу“ и дека би можело да го собори рекордот во висина на трансферот кој сега го држи Луис Суарес (82 милиони евра).
Бразилецот зимоска потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул, според кој седмично добива 150.000 фунти, но кога Каталонците покажале интерес да ја исплатат оштетата од 90 милиони евра, работите се промениле.
На веста веднаш реагирале и „скаузерите“. Кутињо синоќа со сопругата стигнал на прославата на Ливерпул во неговото луксузно „порше“, се паркирал на обезбедениот паркинг на „Енфилд роуд“ каде што се паркирале и останатите соиграчи, но набрзо бил известен дека со камен му бил скршен прозорецот на џипот.

 

Loading...