vesti24.mk
ЗАБАВА

ИСТРАЖУВАЊЕ: Од овие 10 здравствени проблеми луѓето се срамат

ECA

Неодамнешна студија во Велика Британија откри дека еден од десет луѓе не одат на лекар затоа што се срамат кога имаат одреден здравствен проблем. Еректилната дисфункција, секрецијата, инконтиненцијата и депресијата се некои од проблемите од кои луѓето се срамат.

Истражувањето покажа дека 39 проценти од испитаниците ги „трпат“ овие здравствени проблеми премногу долго за да избегнат да зборуваат за тоа затоа што се срамат.

Д-р Нитих Шори открива од кои здравствени проблеми најчесто се срамат луѓето.

Еректилна дисфункција
Повеќето мажи на возраст над 40 години имаат повремени епизоди на импотенција и тоа најчесто не е причина за загриженост, иако мажите разбирливо се загрижени.

Најчестите причини за еректилна дисфункција се стресот, вознемиреноста, замор, алкохол, а исто така може да се појави како несакан ефект на некои лекови.

Ако овој проблем почесто се појавува, тоа може да биде знак на здравствен проблем, како што се дијабетес, ниско ниво на машки хормони или крвни садови.

Треба да се отиде на лекар и мажот да не се срами од тоа, нема потреба!

Секрет
Лачењето на секрет е нормално и не треба да се грижите, бидејќи се јавува кај повеќето жени. Количината и текстурата на секретот може да варира во зависност од сексуалната активност, бременоста или менструалниот циклус.

Ако забележите промени во секрецијата – различен мирис, боја или болка, погледнете го вашиот лекар.

Инконтиненција
Тоа е чест проблем што ги погодува милиони луѓе. Третманот зависи од сериозноста на симптомите и видот на инконтиненција (подмочување).
Промената на навиките во начинот на живот, како што се намалување на внесот на кофеин и топење вишок килограми, заедно со вежби за карлицата, се најчестите начини за лечење, но во некои случаи се неопходни лекови или дури и хируршки зафат. Разговарајте со вашиот лекар за најдобрата опција за вас.

Депресија
Депресијата почесто се јавува кај лица со историја на болест во семејството, но не мора да се јавува само кај нив. Овој проблем станува се почест, а третманот зависи од сериозноста на депресијата и може да вклучува вежбање, разговор со терапевти, антидепресиви или комбинација од сите овие.

Во секој случај, ако имате симптоми на депресија, консултирајте се со експерт – не ги игнорирајте симптомите мислејќи дека ова не е „вистински“ проблем.

Непријатен мирис
Мирисите на телото можат да бидат погодени од хормонални промени, прекумерно потење, одредени видови на лекови или состојби како што се дијабетес, бубрези или заболувања на црниот дроб.

Непријатните мириси на телото можат да се контролираат со антиперспиранти или дезодоранси, со туширање, но во некои случаи, прекумерното потење бара посилни антиперспиранти, операција што ќе ги отстрани потните жлезди или инјекциите што ќе го намалат потењето.

Хемороиди
Ова се мали испакнатини на задникот кои се всушност отечени крвни садови. Најчеста причина е запек, а симптомите можат да бидат дамки на крв по вршење нужда, болка и / или надуеност околу анусот, како и чешање на тие места.

Се разбира, постојат начини за лекување на хемороиди, но најдобро е да разговарате за тоа со вашиот лекар.

Анксиозност
Вознемиреноста може да биде пропратена со физички и психолошки симптоми – од чувство на умор и анксиозност, преку брзо чукање на срцето, до потешкотии во концентрација или спиењето.

Постојат многу третмани, вклучувајќи когнитивни тераписки бихевиорални терапии, како и антидепресиви.

Лош здив
Најчестото решение за непријатниот здив е промена на навиките за хигиена на забите – поредовно четкање на забите и чистење на забите со конец, за да се отстранат батктериите од устата.

Сепак, во некои случаи лошиот здив може да биде симптом на инфекција – ако сте загрижени или не гледате подобрување во рок од неколку недели од промената на вашите стоматолошки навики, посетете го вашиот стоматолог.

Габички
Габични инфекции се јавуваат кај мажи и жени, на гениталиите, под пазувите, на кожата помеѓу прстите. Се третира со антифунгални лекови или креми, а симптомите обично се повлекуваат по неколку недели.

Иако не се класифицирани како сексуално преносливи инфекции, препорачливо е да посетите лекар ако имате габична инфекција, доколку сте брмени или доите.

Запек
Причините за запек се многубројни – на пр. не јадете доволно влакна, не пиете доволно течност, под стрес сте, вознемирени или земате лекови од кои се добива запек како несакан ефект.

Со едноставни промени во исхраната и начинот на живот може да го решите запекот, или одете на лекар кој ќе ви препише лаксативи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts