vesti24.mk
ЗАБАВА

И мажите сакаат да добиваат комплименти

ECA

Сите сакаме да добиваме комплименти, особено оние кои долго ги памтиме. Освен што сакаат да делат комплименти, мажите сакаат и да добиваат пофални зборови, а има комплименти кои им значат повеќе од некои други.

Насмевката може да каже многу за мажот. Таа е одраз на неговата душа. И затоа тие навистина сакаат да добијат убав збор за својата насмевка. Тие исто така сакаат да мислат дека се духовити, дури и кога не се баш надарени со хумор. Но, сепак одвреме навреме пофалете ги за нивната смисла за хумор, ако ништо друго, барем поради тоа што се трудат.

Мажите се нервираат кога жените велат дека сите мажи се површни, па затоа навистина им значи кога од жена ќе чујат некој пофален и добар збор за нивниот карактер и тие зборови никогаш нема да ги заборават.

Исто така, кој било комплимент за тоа колку се силни ќе го нахрани нивното его, дури и ако се работи за обично отворање тегла. Тие исто така сакаат да слушнат и убави за нивните вештини, без оглед на тоа дали се работи за готвење или пеење, на пример.

Голем број на мажи многу вложуваат во својот ум и знаење, па затоа комплиментот за неговото знаење и видици е нешто што навистина ќе го израдува.

Кога станува збор за физичката подготвеност и кондицијата, мажите знаат да бидат малку суетни. Ако им дадете комплимент во овој сегмент, тие уште повеќе ќе се трудат да бидат во форма и навистина ќе бидат поласкани, иако можеби и нема да ви го признаат тоа. Ако мислите дека само жените сакаат да добиваат комплименти за својот изглед, тогаш навистина се залажувате.

И покрај нивната силна надворешност, мажите се само луѓе со чувства. Исто како што и вие сакате да чуете убав збор, не е лошо да дадете мал комплимент кој ќе му го разубави денот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts