vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

И Мини претстави електричен автомобил…

ECA

Британската компанија во сопственост на БМВ го претстави моделот Cooper SE Countryman, plug-in хибридна верзија која што има опција да вози исклучиво на електрична енергија.

Погонскиот систем е сочинет од 3-цилиндарски бензински мотор и дополнителен електро-мотор кои што заедно произведуваат 165 киловати (224 коњски сили и 385 Nm максимален обртен момент).

Овој „Кантримен“ е замислен како идеално превозно средство во урбаните средини, каде што возачот може да ја користи предноста на електичниот мотор. На електрична енергија, овој модел на Мини може да развие до 125 километри на час, а со едно полнење на батериите максималниот домет изнесува 42 километри.

Комплетниот развој на автомобилот е изведен од страна на i-Performance одделението на БМВ кое што неодамна ја претстави и Серијата 5 на БМВ која што функционира на сличен принцип.

Иако се чини дека Мини во оваа област на автомобилските погони само ги следи трендовите, познавачите сигурно се сеќаваат дека токму овој бренд уште во 2008-ма година го лансираше „Мини Е“, првиот целосно електричен автомобил во рамките на БМВ групацијата кој подоцна послужи за развој на сега добро познатиот i3 на БМВ.

Кога станува збор за бензинскиот мотор, Cooper SE Countryman доаѓа со 3-цилиндарски твин-турбо бензинец со 1,5 литри работна зафатнина кој што развива 136 коњски сили и има максимален обртен момент од 220 Nm.

Поради изменетиот систем на работа на автомобилот, ентериерот има претрпено минимални измени, а во багажниот простор нема помал простор во однос на стандардната верзија. Како што велат од Мини, конструкторите на овој автомобил се погрижиле корисниците што помалку да забележат дека возат plug-in хибриден модел.

извор:точка

Loading...

Related posts