vesti24.mk
ЗАБАВА

И се заледила крвта кога во телефонот видела нејзина фотографија: Тогаш никој немаше дома, не знам кој ме сликал

ECA

Куќата беше заклучена, а немаше никакви траги од насилно влегување.

Дебра Деметрио од Њукасл ги прегледувала фотографиите на својот мобилен телефон кога видела една која и ја следила крвта во вените.

Матната фотографија од неа, како спие, а која е снимена од крајот на креветот, предизивикал неверојатен страв кај неа.

-Никој немаше во куќата во тоа време, бев надвор од себе, изјавила мајката на две деца за „Дејли Меил“.

Нејзиниот постар син заминал 45 минути претходно, а помладиот бил со својот татко. Куќата била заклучена, а немало никакви траги на насилно влегување.

-Знам дека тоа не треба, но телефонот ми беше под перница кога заспав и беше таму кога се разбудив. Разгледував низ фотографијата некое време за да можам да го проценам движењето, но гледате и самите дека двете раце ми се на страна, па тоа не може да биде ниту селфи. Дополнително, очите ми се полуотворени: некој да беше во собата, сигурна сум дека ќе го видев. Немаше никој во куќата, тврди Дебра.

Страшната фотографија не и дава мир и таа не може да престане да размислува за тоа како истата настанала.

Истражителот на натприродните појави, Сем Ролинсон ја проучил сликата и признава дека истата е страшна.

-Духовите прават се и сешто за да привлечат внимание. Ако некој починал во последната година, тоа би можело да биде тоа, објаснува тој.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts