vesti24.mk
ЗАБАВА

КАЗНА ОД 11 ИЛЈАДИ ЕВРА: Оваа држава воведува парична глоба за берење кокичиња

ECA

За откинато кокиче на планината Спил, инаку национален парк во Турција, отсега ќе треба да плати над 11.000 евра, објави приватната телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Паричната казна, според новите закони, изнесува 73.747 турски лири (11.126 евра).

Кокичињата се ендемско растение на таа планина во округот Маниса, западна Турција. Тие веќе почнаа да се појавуваат од под снегот, како предвесник на пролетта.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts