vesti24.mk
ВЕСТИ

Казнети 78 граѓани за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

ECA

Денеска (21.07.) мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 78 возачи.

30 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над пропишаната брзина.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts