ЗАБАВА

Каква исхрана треба да практикувате за време на новогодишните празници- држете се до овие 5 правила

ECA

Празничниот период кој зафаќа добар дел од декември и јануари може во голема мера да ја наруши нормалната исхрана, со богатите и примамливи празнични трпези. За да ги избегнете последиците по здравјето и телесната тежина, препорачливо е да се држите до овие 5 правила за празнична исхрана.

Пијте многу вода

Голем процент од телото се состои од вода (преку 60 проценти), таа им е неопходна на сите системи за правилно функционирање, а кога не ја внесувате во доволни количини, следува дехидрација. Многу е лесно да се заборави на водата кога насекаде сте опкружени со храна и алкохол, но од исклучителна важност е редовно да внесувате вода, бидејќи тоа ќе Ви помогне да изедете помалку храна (и помалку калории), но и да избегнете дехидрација која лесно може да настане од преголемата количина алкохол.

Не заборавајте на нормалната исхрана

Дури и за време на празниците, трудете се да се придржувате кон сопствениот начин на исхрана, во 90 проценти од случаите. Кога сте на забава, прво најадете се со храна богата со протеини, што потоа ќе остави помалку простор за печива и десерти. Целете кон јаткастите плодови, пилешко месо и сл. Оние 10 проценти кога се опуштате нека бидат исклучок, а не правило. Потоа не заборавајте да ги одработите дополнителните калории со вежбање.

Калориите внесете ги преку храната

Зашеќерените пијалаци со себе носат многу калории. Пијте вода и незасладен чај или кафе. Најбрз начин да си ја уништите диетата е да испиете премногу празни калории, со внесување газирани сокови, вештачки овошни сокови и кафиња со шлаг, чоколаден прелив и сл.

Внимавајте на алкохолот

Математиката е едноставна – во еден грам алкохол има 7 калории. Само во мастите (9 калории на грам) има повеќе отколку во алкохолот. Па така, кога планирате колку калории ќе си дозволите во текот на еден ден, не заборавајте да ги пресметате и тие од алкохолот.

Вежбајте повеќе ако јадете повеќе

Доколку внесете повеќе калории од планираното, вишокот треба да се потроши. За да го постигнете ова, едноставно продолжете го нормалниот тренинг или пак направете уште еден дополнителен тренинг во текот на неделата.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts