vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Какви се хороскопските знаци во расправија: Овните се со краток фитиљ, Рибите сѐ сфаќаат лично

ECA

Кога станува збор за расправии, секој хороскопски знак има свој начин на кој го покажува и искажува незадоволството.

Некои ќе викаат да ги чуе цело маало, други се муртат со денови, трети прават драма од сѐ, додека некои ја задржуваат сталоженоста и рационалноста.

ОВЕН

Како најкарактеристичен претставник на огнените знаци, Овенот има краток фитиљ кога се во прашање расправии. Во состојба е да се разбесни и за најмала ситница, а секоја критика ја доживува како напад и навреда на неговото его. Неговиот владетел Марс го прави нетрпелив и агресивен, но колку што брзо се разлутува исто толку брзо и простува. Неговите напади на бес се бурни. Тој ќе вика, ќе се вцрвени, ќе урла и веќе следниот миг ќе заборави на сѐ и ќе биде кроток како јагне.

БИК

Бикот е земјен знак и тоа го прави многу стрплив. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и „да му скокате на глава“, но не е баш така. Вистина е дека никој нема почелични нерви од Бикот, но откако еднаш ќе го поминете неговиот многу висок праг на толеранција, не е баш најпријатно да бидете во негова близина. Кога ќе му „пукне филмот“ следи ерупција и најдобро е да се тргнете од патот на лавата.

БЛИЗНАЦИ

Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат напади на бес и паника, но кога се изнервирани му возвраќаат на противникот со добро смислени аргументи што удираат право во целта. Се расправаат шаховски и нема да дозволат некој да ги надмудри или искористи. Брзо им поминува лутината бидејќи се водат по разум и логика. Сепак, не забораваат брзо, особено ако ги навредите лично или нивните животни избори.

РАК

Ракот воопшто не си ги троши нервите и времето на други луѓе и ништо не може да му предизвика паника. Ќе биде загрижен или замислен, но ретко има изливи на бес. Раковите го собираат гневот во себе, а издувен вентил им е одење во теретана или журка во кафана. Никогаш не реагираат на провокација, но ако влезат во расправија ќе направат сѐ нивниот противник да зажали зошто ги вознемирил. Потиснувањето на негативните емоции може да предизвика здравствени проблеми за припадниците на овој знак.

ЛАВ

Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не толку колку Овните. Многу се раздразливи, но и тие за кратко време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавовите реагираат веднаш и ги побиваат сите аргументи. По природа се правични, па знаат да се повлечат и да попуштат ако увидат дека не се во право или погрешиле. Сепак, во суштина не сакаат да се расправаат и несогласувањата не соодветствуваат со нивната мирољубива природа.

ДЕВИЦА

Девиците се сметаат за еден од најсмирените знаци во зодијакот. Максимално се контролираат и свесни се за секој свој збор и постапка. Многу ретко први почнуват расправија и уште поретко викаат и пцујат. Ги потиснуваат емоциите и премногу се културни за свое добро – нема да влезат во конфликт иако се во право, па водат внатрешни дијалози откако ќе ги пропуштат битките во реалноста. Доблесни се и знат да се извинат ако погрешиле.

ВАГА

Вагата се труди да не се нервира или барем вешто да ја сокрие нервозата. Ја погодуваат секакви ситници, а откако ќе сфати дека непотребно се мрштела со часови ќе почне да се умилкува за да ги подобри односите. Но, нема да се извини. Максимално ниво на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине бидејќи нејзината дипломатска природа не ѝ дозволува да влегува во конфликти од каков било вид.

СКОРПИЈА

На Скорпиите не им треба многу за да се налутат. Прва почнува да провоцира и способна е за ниски удари. Не бира средства за да ја постигне целта – ќе вика, навредува, пцуе, па дури и физички ќе се пресмета. Дури и да победи, ќе ја користи секоја прилика во иднина да се одмазди и ќе распалува расправија во секоја прилика. Единствено може да се повлече пред авторитет, но само ако конфликтот ѝ го загрозува опстанокот.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот главно ги нервира другите со тоа што не бира време, ситуација и зборови да го каже она што го мисли. Од една страна е цврст на своите ставови од кои не отстапува, а од друга страна може да биде многу непредвидив ако влезе во отворена расправија. Ако стигне до точка на вриење може да стане агресивен и да расфрла предмети.

ЈАРЕЦ

Дисциплинираниот и организиран Јарец максимално се контролира и се труди да не се разбесни. Ако не успее и му ја преминете границата, бидете подготвени да се расправате ако треба и со денови додека не го решите проблемот. Иако има нагон сѐ да биде по негово, подготвен е да направи отстапки за доброто на средината. Ако се почувствува загрозен знае да биде многу незгоден, а ако еднаш го навредите, тоа е крај на вашата врска со него.

ВОДОЛИЈА

Лесно се лути, ама и брзо заборава. Најмногу може да се изнервира ако некој се обиде да ѝ ја одземе слободата или ако се сомнева во неа. Имајќи предвид дека се убедени дека знаат сѐ, Водолиите сакаат да им солат памет на другите и се вешти манипулатори. Кога се повредени вешто го кријат тоа, но тоа е само затишје пред бура – тие ја кројат нивната одмазда.

РИБИ

Рибите се пречувствителни, сѐ сфаќаат лично и заради тоа често се муртат со часови, па и со денови. Често го менуваат расположението, не знаат точно што сакаат, па друг им е крив кога нешто нема да излезе како што им текнало во моментот. Најмногу се лутат кога некој сака да се меша во нивното носење одлуки. Главно потиснуваат сѐ во себе, па често се меланхолични и депресивни. Не се злопамтила, а ако им се извините, ќе ви простат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts