vesti24.mk
ЗАБАВА

КАКОВ СРАМ: Ја запроси девојката со Ламборџини, фалејќи се колку е богат, кога му кажа “НЕ“, направи хаос (ВИДЕО)

ECA

Еден млад новопечен богаташ од Кина се одлучил јавно да ја запроси својата девојка, но тоа му се одбило од глава бидејќи таа пред сите му рекла “не”.

Ја дочекал со балони, рози, огномет и Ламборџини. Иако рекла дека не сака да се омажи, тој постојано повторувал: “Омажи се за мене, имам пари. Можам да ти купам уште многу вакви автомобили”.

-Па што ако имаш пари, рекла девојката и заминала.

Тој не можел да се помири со тоа, па го фрлил букетот и почнал да вика и да крши се околу себе.

Многу Кинези на социјалните мрежи прокоментирале колку е добро тоа што девојката го одбила момчето, бидејќи овој богаташ очигледно не може да го контролира бесот и да се однесува нормално кога нема да го добие тоа што го сака.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts