Uncategorized

Како да се поврзете со својот ангел и добиете одговор на сакано прашање

ECA

Ангелите смеат да ни помогнат само кога за тоа ќе ги замолиме, а ова е еден од начините да се поврзете со нив и добиете одговор на сакано прашање.
Сместете се удобно и во себе изговорете ја намерата да се поврзете со ангелите. Тоа може да биде вашиот ангел чувар или воопшто ангелско суштество. По тоа, обрнете внимание на дишењето, замислувајќи дека со секое издишување ја отпуштате напнатоста, а со секое вдишување се полните со преубава златна светлина.

ангел
Уживајте во убавината на чувството дека златна светлина тече низ вашето тело, релаксирајќи го и исцелувајќи го. Ставете една рака на срцето и тука држете ја неколку минути, затоа што така ќе ги ускладите срцевите и мозочните бранови.
Замислете како нежно тонете во длабочината на сопственото битие, носени од облак на златната светлина, се додека не се спуштите на едно прекрасно место. Истражете и збогатете го доживувањето на тоа место со сите сетила – гледајте го, слушајте ги звуците, обрнете внимание на мирисите, вкусовите, почувствувајте го тоа прекрасно место во својот внатрешен свет.
Тогаш во себе речете „Подготвен/подготвена сум!“ и замолете за контакт со вашиот ангел или со повеќе ангели. Дишете опуштено, без било какви очекувања, следејќи и најсуптилните промени кои можете да ги забележите.

ангел
Вашиот ангел ќе се појави во облик на ангел каков што го замислувате, или пак само како боја, чувство или мелодија. Вашето срце ќе го препознае во кој и облика да се појави.
Кога ќе почувствувате контакт, отворете се и замолете да ви испрати лековити вибрации кои ви се потребни во овој миг од животот.
Умирете се и знајте дека ги примате!
Ако имате некое прашање, можете да го поставите и бидете отворени за одговор кој може да пристигне веднаш или во некој подоцен момент, можеби во сништата. Не е важно каде и како, одговорот ќе дојде во вистинскиот момент.
Кога ќе почувствувате дека на средбата и се ближи крајот, заблагодарете му се на вашиот ангел и испратете му љубов од срцето. Со неколку свесни вдишувања и издишувања вратете се во надворешниот свет. Запишете го своето искуство.
Водејќи дневник на работа со ангелите, многу нешта можете да научите и да разберете.

Извор: makedonijadenes

Loading...