vesti24.mk
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗАБАВА

Како ефикасно да го користите времето додека сте невработени?

ECA

Повеќето од вас не се невработени по свој избор. Цел ден го имате на располагање за да ги завршите сите оние работи, за кои додека сте работеле никогаш не ви стасувало време. Но откако се ќе средите, сфаќате дека ви останува премногу слободно време, во кое не знаете што да правите со себеси.

Наместо да очајувате и да се чувствувате бескорисно, направете се што е во ваша моќ, за да ја извлечете корисноста од вашата невработеност.

Најпрво направете си листа на работи кои одамна сте планирале да ги направите, но никогаш не стигнувале на ред. Длабоко размислете кои работи ќе направат да се чувствувате исполнето и запишете ги. Започнете од ситни работи како на пример поправање на расклатениот стол во кујната или перење на автомобилот.

Доколку пак имате заштедено некој денар, можете да си купите нешто кое одамна сте го посакувале или да отидете на викенд надвор од градот, за кој никогаш немавте време.

Пријавете се за волонтирање во некоја организација. Неколкуте часа потрошени во волонтерска работа, не само што ќе ја олесни работата на организацијата, туку и ќе ве направи задоволни од себе, знаејќи дека сте од некаква полза за општеството. Друга бенефиција е тоа што, на овој начин ќе имате прилика да остварувате секојдневни контакти со луѓе, а и да запознавате нови, со што ќе ви се зголемуваат шансите да најдете нова работа.

Без разлика на вашата возраст, читајте и учете нови работи. Сеедно дали ќе одберете да се занимавате со ново хоби или ќе се усовршувате во својата професија или во некоја нова, не заборавајте дека учењето е инвестиција, без разлика дали ќе потрошите пари или не. Учењето на функциите на некој софтвер, никогаш не е на одмет.

Немојте да спиете повеќе од 7-8 часа дневно. Тоа што имате многу време, не значи дека треба да се заседувате дома и да го поминете пола ден во кревет.

Наместо тоа, грижата за вашето тело и кондиција сфатете си ги како обврска и почнете да трчате покрај кеј или да возите велосипед. Така нема да потрошите ни еден денар, а ќе се чувствувате релаксирано, свежо и здраво, а сигурно и ќе стекнете нови познанства.

Не дозволувајте да ви биде досадно. Доколку ви се смачи од изборот на програмата на телевизија или пак едноставно, гледањето филмови поред каучот веќе не ве релаксира доволно, јавете се кај пријателите и отидете на концерт или гледајте ја онаа театарска претстава за која порано немавте време.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts