vesti24.mk
Uncategorized СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

Камерите како четворица мажи изнеле девојка од паб по финалето на ЛШ, па ја силувале и убиле

ECA

Надзорните камери го снимиле моментот кога четворица мажи носат пијана и дрогирана девојка од бар, пред наводно да ја силуваат и убијат. 21-годишната Нонг Гифт го гледала финалето на Лигата на шампионите со пријателите, минатата сабота во Чантабури на Тајланд.

Девојката се онесвестила во пабот, а нејзин роднина тврди дека била и дрогирана. Од пабот ја изнеле четворица мажи во 2 часот наутро и ја внеле во камионет.

Тие тврделе дека ќе ја однесат дома. Мажите, меѓу кои и еден нејзин познаник, ја одвеле, но не дома, туку во овоштарник каде повеќе пати ја силувале и ја претепале до смрт.

Групата момчиња ја признале својата вмешаност во злосторството, а полицијата во четвртокот ги однела на самото место, за да објаснат како се се случило. На снимката се гледа и девојка, која на мажите им помага да ја одведат до возилото. Станува збор за пријателка на жртвата, која мислела дека тие навистина ќе ја носат дома и дека се нејзини пријатели.

Според наводите од полицијата, девојката била пронајдена истата вечер. Кога ја пронашле, околу устата имала пена, крварела од носот, а облеката и била расфрлена насекаде околу неа.

Останатите девојки кои биле со жртвата, си заминале дома порано, а една од нив на полицајците им рекла дека “Нонг не делувала многу пијано”.

“Нонг познаваше еден од нив. Таа беше таква, пријателски расположена кон сите. За неа беше нормално да разговара со луѓе. Мислев дека ги познава сите”, рекла таа пријателка.

Момчето кое ја познавало девојката тврдело дека тој само ја однел до овоштарникот. Полицијата го однела телото на обдукција за да се открие вистинската причина за смртта.

извор:точка.ком.мк

Loading…
Loading...

Related posts