vesti24.mk
БИЗНИС ВЕСТИ

Катар Ервејс вработува луѓе со средно образование од Македонија

ECA
Катар Ервејс вработува нови луѓе од во Хрватска, Србија и Македонија за пополнување на слободни позиции во комерцијалните и административни делови на компанијата.

Со цел регрутирање персонал од Македонија во Скопје ќе се одржи тематски настан кој што ќе биде наменет за искусни агенти кои ќе треба да работат на аеродромот во Хамад, Доха. Работата вклучува комуникација со лица и реализација на административни процедури при чек ин, полетување и трансфер на патници.

Работните места предвидуваат средно образование, одлично познавање на англиски јазик и две години работно искуство на слична позиција. Крајниот рок за поднесување на апликации е 1. јуни, а повеќе информации за настанот може да најдете тука.

скопјеинфо

Loading...

Related posts