ЗАБАВА

Кафулињата и рестораните во Москва се соочуваат со голем проблем, почна да снемува од најбараниот пијалак

ECA

Во кафулињата и рестораните во Москва почна да им ги снемува залихите на пивото, чија консумација е зголемена во текот на Светското првенство, кое се одржава.

Сопствениците на одредени локали тврдат дека им снемува пиво и дека на доставата на нови количини мора да чекаат подолго од обично.

Москва се претвори во град на Светското првенство, град на љубители на фудбалот кој пеат, извикуваат навивачки пароли и пијат пиво во преполните кафулиња и ресторани во близина на Кремљ и Црвениот плоштад.

-Не очекувавме дека ќе сакаат да пијат само пиво, изјавил келнер од еден ресторан, кој барал да остане анонимен, затоа што не сакал да ги одврати гостите кои планираат да го посетат тој ресторан.

Тој кажа дека ресторанот скоро останал без залихи на пиво и дека на доставата се чека околу 24 часа, што е подолго од вообичаеното.

-Навистина има многу луѓе во Москва. И сите тие пијат. Топло е, а тоа е фудбалот, вели келнерот.

Шанкерот во кафулето „Гогол“, кој се претставил како Дмитриј, кажа дека навивачите за три дена испиле 800 литри пиво и дека денеска морал три пати да ги дополнува залихите во кафулето.

Меѓутоа, навивачите велат дека не го чувствуваат овој проблем, затоа што пиво имало секаде, само треба да се побара.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts